Годин во 91 минута му донесе три бода на Атлетико

Атлетико Мадрид дојде на еден бод од Барселона („јорганџиите“ имаат и еден меч повеќе), откако вечерва на драматичен начин дојде до победата над Атлетик Билбао од 3:2. Јунак на средбата беше дефанзивецот Диего Годин, кој виде дека напаѓачите не се расположени, па ја заврши нивната работа.

Ињаки Вилијамс беше двоен стрелец за гостите од Баскија и до 80 минута тој беше прва ѕвезда на средбата, но во финишот одбраната на Атлетик попушти и прими два гола. Најпрвин Родриго изедначи на 2-2, со својот прв гол сезонава, а во 91 минута, Годин добро се снајде во противничкиот петерец и даде гол за огромна радост на мадриска „Ванда“.

Тимот од Билбао има црна серија од 11 меча без победа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести