„Кралот“ Џејмс и ЛА влегуваат во ритам

Лос Анџелес лејкерс за прв пат сезонава е на 50 отсто победи. Тимот од „градот на ангелите“ славеше на гостувањето кај Сакраменто со 101:86, потврдувајќи дека влегува во добар ритам. За Лејкерс ова е четвртата победа во последните пет меча.

Леброн Џејмс очекувано беше најдобар на теренот. „Кралот“ заврши со 25 поени и 7 скока и тоа за 31 минута поминати на теренот. Уште во првата четвртина гостите стигнаа до предност и на крајот, во завршница без многу возбудувања, победија со 15 поени разлика.

Шампионот Голден Стејт брзо се врати на победите и со 116:100 беше подобар од Бруклин. Во отсуство на Стеф Кари, своја вечер имаше Квин Кук, кој даде 27 поени, рекордни за него во кариерата. Кук погоди 11 од 16 удари од поле, потврдувајќи дека речиси сите играчи на „воините“ се како „снајпери“.

Торонто го продолжува најдобриот старт во клупската историја и по победата од 128:112, сега има 12 победи и само еден пораз.

Резултати: Торонто – Њујорк 128:112, ЛА Клиперс – Милвоки 128:126 (прод.), Њу Орлеанс – Феникс 119:99, Чикаго – Кливленд 99:98, Мемфис – Филаделфија 112:106 (прод.), Мајами – Вашингтон 110:116, Голден Стејт – Бруклин 116:100, Сан Антонио – Хјустон 96;89, Далас – Оклахома 111:96, Сакраменто – ЛА Лејкерс 86:101.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести