Лејкерси ноќеска ќе играат во црни дресови, причината е посебниот датум, а е во чест на Коби Брајант!

Лос Анџелес лејкерс и Портланд ноќеска ќе го играат четвртиот меч од првото коло на плејофот во НБА-лигата. Лејкерс води со 2:1, а тимот од ЛА само за овој меч подготви специјални дресови.

Лејкерс ќе игра во црни дресови и тоа ќе биде во чест на легендарниот Коби Брајант, кој на почетокот на годинава загина во хеликоптерска несреќа. Денешниот ден 24 август е со посебно значење затоа што тоа е 24.08, а ги означува двата броја кои Коби ги носеше во текот на целата кариера.

На дресовите ќе стои и бројката 2 во бело срце. Тоа е бројот кој во кариерата го носеше Џиџи Брајант, ќерката на Коби, која исто така загина во хеликоптерската несреќа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести