Иако одлуката беше очекувана, Лионел Меси сепак успеа да го шокира фудбалскиот свет и да ѝ каже збогум на Барселона по повеќе од 15 години. Капитенот сака да си замине уште ова лето од „Камп ноу“, на што управата се противи и не планира да го раскине договорот со Меси, што значи дека активирање на неговата откупна клаузула е единствена опција за разделба.
Неверојатните 700 милиони евра засега се единствена пречка на Меси да ја напушти Каталонија, иако со него веќе се збогуваа голем број великани, како Карлес Пујол, Луис Фиго…
Сагата околу иднината на аргентинскиот велемајстор само што почна, а една позната фудбалска ѕвезда имаше храброст да стартува со шпекулации.
Рио Фердинанд, иконата на Манчестер јунајтед, непосредно откако се дозна одлуката на Меси, на „Твитер“ напиша дека Френк Лампард нема ништо против да го ангажира најдобриот во историјата на Барселона, доколку му се укаже прилика.
Just heard Frank Lampard is now in for #messi
Some window this if Lamps pulls this off !!— Rio Ferdinand (@rioferdy5) August 25, 2020
Фердинанд за брзо го запали интернетот, на неговата обајва има повеќе од 40.000 реакции, воедно најавувајќи дека Челзи ќе атакува по потписот на 33-годишниот офанзивец.
Доколку Меси замине како слободен играч, нормално дека сите гиганти ќе се пуштат во трка за неговиот потпис, а познато е од претходно дека се поврзуваше со трансфер во Манчестер сити, односно Интер и ПСЖ.