Македонскиот ракометен шампион Вардар 1961 вечерва од 20.30 часот во Задар ќе го игра полуфиналето на регионалната СЕХА-лига и на своја страна ја има традицијата. Вардар и ППД Загреб досега немаат пропуштено фајнл-фор во СЕХА и четирипати имаат играно едни против други во полуфиналните дуели (последен пат во 2017 година), а секогаш победуваа Вардарци.
Во финалињата, скорот е 2-1 за Вардар. Црвено-црните го освојуваа трофејот во СЕХА во претходните три сезони, а Загреб се радуваше само во 2013 година. За разлика од лани, се сменија времињата и многу играчи, а тимовите имаат и други тренери. Нашиот првак се провлече во четвртфиналето.
За Вардар 1961 не би требало да биде хендикеп што мечот се игра во Хрватска, а во редовите на Вардар 1961 има и двајца некогашни ракометари на ППД Загреб, Гаџа и Векиќ. Во отсуство на Стоилов, капитен ќе биде Дибиров.
Според квотите во Sport Life, шансите на Вардар 1961 за победи не се баш мали и треба да се очекува неизвесност.