Само еден Вардарец во идеалниот тим на завршниот турнир на СЕХА

Ловро Јотиќ, средниот бек на Вардар, се најде во идеалниот тим на завршниот турнир на СЕХА кој се играше во Задар. Шампионот Веспрем доминира со петмина претставници во идеалниот состав по освоената титула против Вардар во финалето.

Најдобар голман и воедно МВП на фајнлфор турнирот е голманот на унграскиот гигант, Родриго Коралес, кој вчера блескаше со 14 интервенции против Црвено-црните, а исто толку одбрани оствари и во полуфиналето против Мешков Брест. Од Веспрем се најдоа уште Андреас Нилсон, Гаспер Маргуч и ексвардарецот Хорхе Македа.

ППД Загреб има еден претставник во идеалниот тим, левото крило Давид Мандиќ, исто како и Мешков Брест со Александер Шурински.

https://twitter.com/SEHALeague/status/1302724688867663872

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести