Родригес конечно најде нов клуб – Евертон плати 22 милиони фунти за Колумбиецот

Евертон плати 22 милиони фунти за да го ангажира Хамес Родригес, играч кој настапуваше за Баерн Минхен како позајмен од Реал Мадрид.

Договорот со популарните Карамели од Ливерпул е со важност од две години, со можност потоа да биде продолжен за уште 12 месеци.

Родригес во последните две сезони играше за Баерн Минхен, но Баварците одлучија дека не им е потребен и не го откупија неговиот договор од Реал Мадрид.

Ниту кралскиот клуб од Шпанија го немаше Колумбиецот во плановите за во иднина и лесно се договори со Евертон да му го продаде 29-годишниот фудбалер.

За ангажман на Родригес најмногу инсистираше тренерот на Евертон, Карло Анчелоти, кој му беше тренер на колумбискиот репрезентативец две сезони во Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести