Луда тактика – голман стоеше во жив ѕид, играчите го бранеа голот (Видео)

Голманот на полскиот четвртолигаш стана хит на социјалните мрежи поради лудиот начин на кој ги брани слободните удари на противниците, или се обидува да ги збуни.

Голманот Хиероним Зох, кој го чува голот на Сијарка Тарнобжег, одлучи да застане во живиот ѕид, а на гол-линијата испрати негови соиграчи. Веројатно мислеше дека топката нема да може да се упати прецизно, но на крајот мораше да му се заблагодари на колегата за одличната одбрана со глава бидејќи топката го прелета живиот ѕид и одеше под пречката.

Погледнете ја лудоста на полскиот голман:

- Оглас -

Најнови вести