Ненад Димитријевиќ направи голем чекор кон НБА-лигата!

Македонскиот репрезентативен плејмејкер Ненад Димитријевиќ од пред три дена е нов клиент на менаџерската агенција „Беобаскет“, чиј сопственик е најдобриот кошаркарски агент во Европа, Мишко Ражнатовиќ. Мишко, кој е експерт за продажба на играчи од европски клубови во НБА-лигата или нивно драфтување, на многу кошаркари им помогна да направат одлични кариери, па Нено може да има голема полза од соработката со него.

Клиент на Ражнатовиќ беше и Перо Антиќ, кому исто така му помогна да заигра во најсилната лига на светот, а и други македонски играчи, како Самарџиски и Стојановски, добро знаат како е да се работи со него.

Димитријевиќ во претстојната сезона би требало да игра за Хувентуд, но потоа би можело Мишко да му најде посилен клуб, можеби и во НБА-лигата. Во објавата на „Твитер“, во која Мишко се фали дека Нено станал негов клиент, за Димитријевиќ пишува дека е еден од најталентираните европски плејмејкери и кандидат за НБА-драфтот 2020 година. Дали Димитријевиќ ќе остане на драфтот или ќе се повлече, останува да се види.

- Оглас -

Најнови вести