Вистински раритет – Тивки во регуларниот дел, експлодираа со пет гола во продолженијата

Германскиот второлигаш Гројтер Фирт приреди несекојдневно фудбалско шоу во дополнителното време од 30 минути во меч од стартното коло во германскиот куп и со пет гола за 20 минути го декласираше нисколигашот Мајнерцхаген со 6:1.

Гостите беа апсолутни фаворити, но во регуларниот дел од 90 минути, плус судиско продолжение бе го оправдаа епитетот, а дури и се спасија од пораз.

Мајнерцхаген поведе со голот на Вурм во 50. минута и најави сензација, бидејќи разликата меѓу двата тима е неколку рангови на натпреварување, а домаќините се и аматери.

Сепак Гројтер избегна елиминација во регуларниот дел со погодокот на Ернст во 72. минута, а потоа гостите експлодираа и во продолженијата од двапати по 15 минути ја наполнија до врв мрежата на домаќинот.

Грин погоди во 98. минута, а потоа Мајерхофер и Абијама погодија по двапати за убедлива победа од 1:6 на второлигашот од Фирт.

Во останатите мечеви од првата рунда во популарниот ДФБ покал немаше поголеми изненадувања, а вкупно шест прволигашки екипи ја минаа првата пречка.

 

- Оглас -

Најнови вести