ПАОК и Динамо Киев со победи против Бенфика, односно АЗ Алкмар се пласираа во финалниот плејоф за влез во групната фаза од Лигата на шампионите. Украинскиот тим го победи АЗ Алкмар со 2-0, а овој клуб од Киев не бил во групите од ЛШ од сезоната 2016/17 наваму, но сега предводен од тренерот Мирчеа Луческу е на пат да се врати во елитата.
Поинтересно беше на „Тумба“ во Солун. Бенфика имаше пречка и една огромна шанса да поведе и кога не успеа, казната дојде. Најпрвин Јанулис креираше акција која заврши со автогол на Вертонген, иако некои голот му го припишаа на Јанулис.
Болката на португалскиот тим ја зголеми вториот погодок кој беше дело на Андрија Живковиќ. Србинот до пред десетина дена беше во Бенфика, но премина во ПАОК и погоди за 2-0, исфрлајќи ги Орлите од квалификациите за ЛШ. Во финишот имаше малку и драма, Бенфика во 94-тата минута намали на 1-2.
A coisa tá feia pro Benfica do Jorge Jesus…
Zivković marca o segundo do PAOK e vai eliminando os portugueses da primeira fase da Champions.#PAOKSLB https://t.co/YrnSHEHmr9
— Linha de Fundo (@LF_Site) September 15, 2020