Неверојатниот Јокиќ постави нови стандарди во НБА: Додава како Меџик, скока како Родман, шутира како Новицки (Видео)

Иако речиси никој не ги ставаше во редот на фаворити кои би играле конференциско финале, Денвер нагетс успеа да стигне до пресметката со Лос Анџелес лејкерс за најдобар тим на Западот. Кога започна плејофот, делуваше дека Денвер брзо ќе ја заврши авантурата, затоа што губеше со 3:1 во победи од Јута џез.

Сепак, екипата предводена од Никола Јокиќ и Џемал Мареј покажа дека никогаш не се откажува. Денвер стигна до 3:3 против Јута, а потоа во мајсторката, во драматичен меч победи со само два поени предност. Следни на „менито“ беа ЛА Клиперс, а сценариото беше речиси исто како против Јута.

Клиперс поведе со 3:1 во победи и речиси никој не очекуваше дека Денвер може да направи ист камбек како против Јута. Тоа не му успеало на ниту еден клуб претходно во историјата на плејеофот, но Јокиќ и дружината не се откажа. Денвер повторно стигна до 3:3 во победи, но за разлика од седмиот меч со Јута, овојпат без многу драма и на убедлив начин на добија мајсторката.

„На сите им покажавме кои сме и што можеме. Никој не сакаше да не види тука, никј не веруваше дека можеме да победиме. Пред мечот си мислев како овој тим ќе се памти без разлика што и да направиме. Ова е посебна екипа. Се боревме до крај и победивме. Сега следи Лос Анџелес лејкерс, уште еден тежок противник, но ние ќе играме да се забавуваме“, рече Јокиќ, кој стана првиот играч во историјата на НБА кој во седмиот меч од плејофот имал трипл-дабл со над 20 скока.

За разлика од Јокиќ, губитник на денот е тренерот на Клиперс, Док Риверс кој стана првиот тренер во историјата на НБА што успеал три пати да прокоцка предност од 3:1 во победи во плејоф. Тој е и најголем губитник кога се игра седми меч и дури осум пати губи во мајсторка. Ниту еден друг тренер нема повеќе од пет порази во решавачки седми меч од плејоф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести