1703 Марсеј – Сент Етјен (21.00 часот)
Марсеј тргна одлично во новата сезона, победи во двата меча, од кои едниот против ПСЖ, и тоа среде Париз. Но и Сент Етјен има максимални 6 бода, па ова е дерби на колото. Светците двата меча ги добија со по 2-0, уште немаат примено гол, но ова им е прво гостување сезонава. Во Марсеј не е лесно да се игра дури и кога има мал број гледачи на трибините. Последните четири меѓусебни дуели ги има добиено Марсеј, и тоа беа мечеви со 1-3 гола.
Предлог тип: ГГ (2.00)
6858 Гетеборг – Копенхаген (18.00 часот)
Домашниот терен на хартија треба да биде предност за Швеѓаните, иако нема да има публика, но јасно е дека Данците се поквалитетен тим. Тука е и ривалството на тимовите од овие две соседни земји, Гетеборг нема лесно да се предаде. Копенхаген со пораз од Оденсе ја отвори сезоната во данската лига, а на Гетеборг не му оди дома. На „Улеви“ не победиле од 2 јули, тешко дека ќе го совладаат опасниот противник.
Предлог тип: Х2 & 2-4 (1.78)
6874 Локомотив Пловдив – Тотенхем (18.00 часот)
Локомотив посакуваше спектакл и го доби. Мурињо ќе се надмудрува со Акраповиќ, во секој поглед лондонскиот тим е во предност освен во мотивацијата, која сигурно ќе биде поголема кај Бугарите. Петлите не се во добро расположение, загубија од Евертон на отворањето на Премиер лигата, а Локо викендов беше надигран од Лудогорец. Ова е прилика за Тотенхем да победи и да си ја крене самодовербата пред наредните предизвици.
Предлог тип: 2 & 2-3 (2.70)
6853 Шемрок роверс – Милан (20.00 часот)
И тука гостите се фаворити, Ибрахимовиќ би збеснал ако Милан не влезе во групната фаза од Лигата на Европа и ќе даде максимум за триумф. Росонерите беа беспрекорни во подготвителниот период, ги победија сите противници, а и Шемрок има убава позитивна низа, иако неговите противници беа далеку послаби од Милан. Шемрок 15 месеци не загубил дома, се чини дека дојде време за крај на таа серија.
Предлог тип: 2 & 3-4 (2.50)
6867 Осиек – Базел (20.45 часот)
Ова се два непредвидливи тимови и сите опции се во игра. Можеби според репутацијата, Базел е фаворит, но швајцарската лига не е почната, не се баш во ритам. Покрај тоа, Базел не се прослави на последната контрола во петокот, загуби 1-5 од Сарбрикен. Осиек откако беше совладан убедливо од Динамо Загреб, со 3-0 ја победи Риека, па веројатно веруваат дека може да го изненадат гостинот кој не блеска на гостувањата.
Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.22)
Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:
Ренова – Хајдук 1+I & 3+ (2.05)
Сфинтул Георге – Партизан 2 & Т2 3+ (2.20)
Шамрок роверс – Милан 2-2 & 2-5 (2.10)