Прогнозерите чекаат „икс“ во дербито меѓу Челзи и Ливерпул

Второто коло на популарната Спортска прогноза за типување ви нуди 13 меча од топ-5 лигите во Европа и тоа е доволен предизвик да се вклучите во бесплатната игра и да чекате некој од подароците. Максимален број погодени натпревари на популарната Тринаесетка носи прекрасна награда во секое коло, „ајфон 11“.

Дербито за ова коло е в недела, и тоа во Лондон меѓу Челзи и Ливерпул. Двата тима почнаа со победи и покажаа дека играат офанзивно, па ќе биде интересно како шампинот ќе се справи со ривалот кој потроши најмногу пари за нови играчи летово. Дури 40% од прогнозерите чекаат реми во очекуваниот спектакл на „Стемфорд бриџ“. Евентуална победа на Челзи чекаат 29% од прогнозерите, 30,5% од нив навиваат за триумф на англискиот првак.

Sport Life и Спорт Манија стандардно веќе трета сезона ги наградуваат и утките, па сите што ќе имаат по 12 погодени натпревари, ќе добијат ваучери од по 1.000 денари, а за погодени 11 меча, ви следува ваучер од 500 денари.

Секако, важни се и поените од резервните парови во секое коло бидејќи важат во битката за подобри позиции во Генералниот пласман.

- Оглас -

Најнови вести