Фиорентина со минимален триумф од 1-0 против Торино ја крена завесата во Серија А. Речиси 80 минути се чекаше за првиот гол во новата сезона во Калчо лигата, а го реализира Гаетано Кастровили.
Италијанскиот играч за врска одлично го проследи нафрлувањето на Кјеза, па остана сам на подалечниот дирек и без проблем ја смести топката во голот на Биковите во 78-та минута.
Премиерното коло во Серија А продолжува со дуелот Верона – Рома, кој е закажан во 20:45 часот.