Човекот кој му даде „корпа“ на Ибрахимовиќ конечно објасни зошто го сторил тоа

Еден од најдобрите фудбалери на денешницата, Златан Ибрахимовиќ, четири години помина во Франција носејќи го дресот на Пари Сен Жермен. За тие четири сезони, ПСЖ покажа доминација како што не се памти во францускиот фудбал, а, секако, Златан беше еден од најзаслужните за сите успеси и освоени трофеи.

Популарниот Ибра е познат како темпераментен играч, кој вели дека секогаш го добива тоа што ќе го посака. Сепак, и самиот Ибрахимовиќ знае дека во една ситуација во француското првенство доби „корпа“.

Човекот кој реши да му рече „не“ на Златан е судијата Тони Чапрон. И арбитерот има свое минато по кое го знаат во светски рамки. Тоа е судијата кој го исклучи играчот на Нант, Диего Карлос, затоа што во еден спринт фудбалерот се сопна од судијата и двајцата паднаа на тревата.

https://youtu.be/sloURWMK4ks

Освен тој потег со црвениот картон, Чапрон во 2015 година одби ја му ја даде топката на Ибрахимовиќ, која традиционално ја добиваат фудбалерите откако ќе постигнат три гола на еден меч. Ибра постигна хет-трик, но кога по средбата реши да ја земе топката, судијата одби да му ја даде.

Нервозниот Ибрахимовиќ не знаеше како да реагира во ситуацијата, но беше свесен дека судијата одлучува дали ќе дозволи топката да замине во рацете на играчот. Чапрон сега реши да ја објасни целата ситуација.

„Ибрахимовиќ дојде многу блиску до мене, со прстот покажа и ми рече: „Топката!“ Јас имам четири ќерки и кога сме заедно ако нешто сакаат и на крајот не ми речат „те молам“, нема да има позитивна реакција од моја страна. Значи, со Златан ситуацијата беше иста. Тоа е работа на лично образование, но и почитување. Нешто не е во ред со ова општество кога сите забораваат да кажат „те молам“ или „ти благодарам“. На Златан никој никогаш не му рекол „не“, но ете веројатно јас сум единствениот кој го направи тоа“, објасни судијата Чапрон, кој додаде дека Ибра е сјаен фудбалер, но е досаден на теренот.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести