Мурињо го краде Милик?

Аркадјуш Милик до крајот на летниот преоден рок може да заврши во редовите на Тотенхем, наместо во Рома, како што се најавуваше претходниве денови.

Полскиот напаѓач требаше да биде замена за Един Џеко, но откако трансферот на Босанецот во Јувентус пропадна, така и Рома се откажа од потписот на голгетерот на Наполи. Сега Наполитанците ќе се обидат да се ослободат од Милик, со оглед на тоа дека полскиот репрезентативец влезе во последната година од договорот.

Милик многу веројатно ќе биде продаден во Премиер лигата, поточно во Тотенхем, каде што Мурињо посакува втора опција во нападот покрај Хари Кејн.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести