Каков марш на Ханси Флик – Има само три порази со Баерн, а веќе освои четири пехари

Управата на Баерн Минхен го направи веројатно и најдобриот потег во овој милениум со изборот на Ханси Флик за тренер на тимот во ноември лани, откако најпрво го постави за привремен шеф на стручниот штаб, а потоа му даде комплетна доверба и долгорочен договор.

Флик вчера со триумфот на Баерн против Севилја во меч од Суперкупот на Европа го освои четвртиот пехар и притоа има помалку порази од трофеи.

На вкупно 40 натпревари со Флик како стратег на клупата, Баварците претрпеа само три порази, а веќе имаат покер трофеи повеќе во богатата клупска колекција.

Во ноември и во декември, на стартот од одисејата на Флик како главен тренер на најтрофејниот германски клуб, Баерн загуби од Баер Леверкузен и од Борусија Менхенгладбах со по 1:2 и потоа во јануари ги порази Нирнберг со 5:2 на пријателски мечеви.

Лајпциг и вчера Севилја успеаја да ремизираат со Баерн во регуларен дел од натпреварите, а сè останато се победи на актуелниот европски првак под команда на Флик.

Покрај триумфот во Лигата на шампионите, освоена е и Бундеслигата, пехарот во Суперкупот на Европа и трофејот во националниот Куп на Германија.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести