Ѕвездата на Макаби Хаифа се фати за меѓуножјето и грмеше: Хари Кејн на мојот к..! (Видео)

Фудбалерот на Макаби Хаифа, Мохамад Абу Фани, го фати еуфорија што со својот гол придонесе израелскиот тим во следното коло од квалификациите за Лига Европа да се сретне со Тотенхем, но се појави шокантна снимка од соблекувалната на Макаби на која ѕвездата на тимот од Хаифа упати навреди до најдобриот играч на лондонските Петли, Хари Кејн.

Абу Фани кој беше стрелец на вториот гол со кој Макаби славеше над Ростов со 2-1, откако дозна дека Тотенхем ја победил Шкендија, му се закани и на навредлив начин се обрати спомнувајќи го Кејн.

„Хари Кејн на мојот к..“ – извикуваше Абу Фани на шокантното видео, додека се држи за половиот орган, а соиграчите се смеат.

Сега веројатно во Макаби би сакале оваа снимка да не се појавеше во јавноста, но веќе е доцна. Кејн в четврток сигурно ќе биде мотивиран да постигне барем еден гол и одмазднички да му нанесе пораз на Макаби Хаифа.

- Оглас -

Најнови вести