Манчестер јунајтед води со 2:1 на гостувањето кај Брајтон во меч на кој домаќините први поведоа. Мупај погоди од пенал и тоа на атрактивен начин со паненка, останавјќи го Давид де Хеа немоќен да одбрани.
До крајот на првиот дел, Манчестер израмни багодарение на автоголот на Данк, а Црвените ѓаволи за целосен пресврт се погрижија на почетокот на второто полувреме кога Маркус Рашфорд покажа зошто е една од главните ѕвезди на тимот од „Олд Трафорд“.