„Божјата рака“ на Хаверц го спаси Челзи (Фото+Видео)

Навивачите на ВБА тешко ќе се помират со освојувањето на само еден бод против Челзи во мечот на кој водеа со 3-0, а причина за тоа е спорниот израмнувачки погодок на лондонскиот тим во 93-та минута.

Пред Тами Абрахам да ја спроведе топката во мрежа, при едно нафрлување, Каи Хаверц топката ја смири играјќи со рака, но судијата не го виде тоа. Топката го удри Хаверц во рака, а проценката на ВАР беше дека станува збор за ненамерно играње, па голот беше признат и Челзи дојде до 3-3.

Ова е акцијата со која фаворитот се извлече од пораз:

https://twitter.com/i/status/1309922789139181569

- Оглас -

Најнови вести