Лионел Меси повторно игра фантастично и на првиот меч по целиот хаос и со него, и во клубот, потврди дека е неуништлив.
Аргентинецот игра прекрасно во првиот меч на Барселона во новата сезона во Ла Лига и веќе постигна гол од пенал и имаше асистенција во првите 45 минути на дуелот со Вилјареал.
Меси летово беше на прагот да си замине од клубот во кој игра од 2004 година, а член од 2001 година, но одлучи да остане и покрај чудниот однос на Управата на Барселона.
Сега Бартомеу и останатите челници на клубот можат да слават што малиот волшебник сепак остана во Барселона. Каталонците водат по првото полувреме со 4:0, со двата гола на Ансу Фати, еден на Меси и автоголот на Торес, што го испровоцира токму Меси со одлично нафрлање кон Бускетс.