Миовски уште еднаш е херој на Абердин, со неговиот гол тимот и официјално се спаси од испаѓање

Бојан Миовски уште еднаш се покажа како херој на Абердин. Македонскиот репрезентативец го даде единствениот гол на дуелот против Сент Џонстон со кој Абердин освои три многу значајни бодови.

Оваа победа и трите бода на Абердин му обезбедија опстанок во Премиер лигата на Шкотска затоа што тимот на Миовски сега има 41 бодови, дури 10 повеќе од Сент Џонстон кој е во зоната за испаѓање. До крајот на првенството има уште три кола, што значи дека максимум може да се освојат девет бодови.

До 15 погодок сезонава во шкотското првенство Миовски стигна откако беше прецизен од пенал во 68 минута. Со овој гол Македонецот уште еднаш покажа дека заслужено го доби признанието за најдобар играч на Абердин во тековната сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести