Големо срце на хрватски голман – ги слушна што зборуваа децата и ги почести со пица (Видео)

Голманот на хрватскиот прволигаш Горица, Кристијан Кахлина, направи еден убав гест кон две деца, кои на стадионот во Осиек го видоа како носи кутија со пица и искоментираа „Блазе си му“. Кахлина ги слушна децата кои сакаа да бидат на негово место, па наместо да ја изеде пицата, им ја подари на децата.

На децата им замириса на пица, па посакаа да пробаат и гласно го искоментираа тоа, а Кахлина ги слушна, и тој бил дете, знае како им беше, па реши да ги почести.

„Додека играчите на Горица се гостеа со пица по мечот со Осиек, Кахлина ги слушна децата како велат Блазе си му и без размислување својата пица им ја однесе на децата на трибините“, објаснуваат на фејсбук-страницата на Првата хрватска лига.

На снимката се слуша како повозрасно лице му вели на Кристијан дека не мора да го прави тоа, но беше доцна, децата веќе ја имаа кутијата со пица во раце. Тогаш човекот вели: „Што треба да кажете?“, на што децата во еден глас на голманот му велат „Благодариме“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести