Украина ќе има два тима во Лигата на шампионите

6044 Динамо Киев – Гент (21.00 часот)

Мирчеа Луческу како тренер на Шахтар имаше забележителни резултати во ЛШ, а сега е на прагот да го однесе и Динамо Киев во групите. Украина би требало да има два тима во групната фаза, тоа го најавува и резултатот од првиот меч во Белгија, каде што Динамо победи со 2-1. Гент има тројца Украинци, од кои едниот нема да игра вечер бидејќи беше исклучен на првиот меч. Динамо нема многу странци, претежно се потпира на домашни сили, а и традицијата е на нивна страна, имаат три победи во трите дуели со Гент и секогаш имаше барем три гола.

Предлог тип: 1 (1.95)

 

6702 Ференцварош – Молде (21.00 часот)

Молде ги загуби последните два меча во норвешката лига и на хартија не му се големи шансите на гостувањето во Будимпешта. Ференцварош нема играно од оние интересни 3-3 во Норвешка. Не треба да се отпишат гостите, тие можат да дадат гол и вечерва, но прашањето е колку ќе примат. Унгарскиот првак елиминираше силни тимови, како Ѓургарден, Селтик и Динамо Загреб, па би требало да успеат и против Молде.

Предлог тип: ГГ (1.60)

 

6703 Омонија – Олимпијакос (21.00 часот)

Грците победија со 2-0 на првиот меч и тоа е резултат кој им дава право на еден мал кикс и примен гол, но не гарантира пласман понатаму. Омонија ќе тргне со сите сили рано да поведе и да внесе немир кај противникот. Сепак, Олимпијакос е посилен и поискусен тим, не би смееле да ја испуштат шансата да се најдат во групната фаза во ЛШ. За Кипарците патот во ЛШ ќе заврши тука, за нив успех е што ќе бидат дел од групите во Лигата на Европа. Олимпијакос има серија од четири меча без примен гол.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.92)

 

1301 Реал Сосиедад – Валенсија (19.00 часот)

Со овој меч почнува четвртото коло во шпанската лига. Баскијците имаат пет бода во првите три кола, примија само еден гол, а реновираната Валенсија има четири бода (по една победа, реми и пораз) и пет примени голови. Двата тима имаат проблем со повредени играчи. Валенсија тешко дека ќе победи, но Сосиедад дома често игра нерешено. На нивните меѓусебни дуели во Сан Себастијан од 2014 година не било нерешено.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (1.81)

 

1092 Тотенхем – Челзи (20.45 часот)

Ова е дерби на осминафиналето во англискиот Лига куп. Тимот на тренерот Мурињо игра против градскиот ривал и некогашен клуб на Мурињо. По изјавите на Португалецот за рамките на головите во Скопје и за ширината на 16-ниците на Тотенхем и Манчестер, сега којзнае што ќе каже по дуелот со Сините, кои тој ги прослави во минатото. Тотенхем и Челзи имаат по еден пораз во Премиер лигата, викендов одиграа нерешено на мечеви кои пред почетокот планираа да ги добијат. Двата тима имаат повредени играчи, малку и ќе се калкулира со составите.

Предлог тип: ГГ (1.65)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Тотенхем – Челзи Т2 1+I & 1+ II (2.40)

Динамо Киев – Гент 1Х & 2-4 (2.05)

Ференцварош – Молде 1-3 I & 1-3 II (2.00)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести