Тимот што го уништи сонот на МЗТ Скопје за нов настап во АБА вечерва игра на премиерата

ФМП и Приморска вечерва од 18 часот ќе играат на премиерата во новата сезона во АБА-лигата, по долги преговори и неизвесност дали воопшто ќе стартува најсилната лига на Јадранот.

Ќе учествуваат вкупно 14 екипи, а за првпат по подолг период ќе нема македонски претставник. Од таборот на МЗТ Скопје долго ја чекаа разврската со финансиската криза кај Приморска, екипа која најпрво најави дека нема да игра и беше во опасност да се распадне, но најдоа средства за учество, што го исфрли од комбинација тимот од Аердором за нов настап во АБА-лигата.

МЗТ Скопје беше прва резерва и чекаше повик за да игра нова сезона на Јадранот, но тоа, за жал, не се случи. Останува и тие и нашиот најтрофеен кошаркарски клуб Работнички со добри игри во АБА 2 лигата да се изборат за пласман во елитата во најсилната регионална лига во Европа.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести