Диего Шварцман за првпат ќе игра во полуфиналето на Ролан Гарос откако во епска битка во пет сета, што траеше над пет часа, го победи Доминик Тим со 3:2 во сетови.
Решевачки за исходот на еден од најдолгите тениски мечеви во поново време беше брејкот на Аргентинецот во шестиот гем од последниот сет, со кој поведе со 4:2.
Драмата беше при крај, а Шварцман беше посвеж и ги доби и следните две игри за победа од 7:6, 5:7, 6:7, 7:6, 6:2.
Имаше дури три тај-брејка и многу одлични поени и потези на двајцата тенисери што одиграа маратонски меч, кој почна во 15.30 часот и заврши пред малку.
https://twitter.com/rolandgarros/status/1313536015240486913?s=20
Аргентинецот ќе игра во полуфиналето против победникот од дуелот Синер – Надал што треба да започне наскоро.