Солскјер „избоксувал“ трансфер на Халанд за 20 милиони евра, Вудфорд ја утнал работата

Оле Гунар Солскјер успеал да издејствува трансфер на Ерлинг Халанд во Манчестер јунајтед за сума од 20 милиони евра, но извршниот директор Ед Вудфорд го стопирал процесот и не сакал да се плати вообиачената провизија за менаџерот на норвешкиот фудбалски бисер.

ЕСПН објави дека тоа е причината што Халанд се пресели од Салцбург во Борусија Дортмунд и го заобиколи „Олд Трафорд“, иако Солскјер си ја завршил работата.

Вудфорд е еден од најомразените луѓе кај навивачите на Манчестер јунајтед, кои честопати бараа оставка од извршниот директор, но тој останува на високата функција и покрај долгиот пост на Црвените ѓаволи без титула во Премиерлигата.

Манчестер јунајтед за последен пат беше на врвот во Англија во сезоната 2012/13, а Вудфорд е во клубот од 2005 година. Долго беше задолжен за маркетинг и комерцијалните операции, се до 2012 година кога беше назначен за потпретседател на Јунајтед, а потоа и за извршен директор.

Денеска беше објавено дека Ерлинг Халанд е во Топ-10 фудбалерите што најмногу си ја зголемија цената во екот на пандемијата со Ковид-19.

Норвешката сензација што игра за Борусија Дортмунд беше купен од Салцбург на почетокот на годинава за 20 милиони евра. До прекинот на фудбалските натпревари во март проценката беше дека вреди 45 милиони евра, а со брилијантните настапи и голови Халанд сега чини 80 милиони евра, или речиси двојно повеќе за само шест месеци.

 

 

- Оглас -

Најнови вести