Кој си знае ни пандемијата не му пречи – Топ-10 играчи што најмногу си ја зголемија цената и во време на криза

Трансфер пазарот во услови на криза и пандемија на Ковид-19 покажа дека клубовите сепак се одлучија повеќе да штедат во услови на неизвесност и кога нема приходи од влезници, маркетинг, па и ТВ права, но има фудбалери на кои не влијае кризата.

Алфонсо Дејвис црниот дијамант на Баерн Минхен е на врвот со проценка дека во моментов вреди околу 80 милиони евра, што е скок од неверојатни 60 милиони евра.

Баварците одработија брилијантен траснфер во 2018 година, кога го купија левиот бек од Ванкувер за вкупна сума од 20 милиони евра, вклучувајќи ги и бонусите. Дејвис игра импресивно, пленеше со брзината, борбеноста и квалитетот пред се, а со Баерн освојува трофеи на сите фронтови и сега се проценува дека лесно може да направи трансфер за сума од 80 милиони евра.

Зад него во Топ-10 играчи кои и во услови на криза со Ковид-19 значително си ја зголемија вредноста на фудбалскиот пазар е Ансу Фати од Барселона.

Тинејџерот што има само 17 години блеска во дресот на шпанскиот гигант, а летоска беше објавено дека Барса одбила понуда тешка 150 милиони евра за да го продаде напаѓачот. Вредноста му беше околу 40 милиони евра, сега според „Трансфермаркет“ вреди двојно повеќе, а неговиот клуб му подготвува нов договор и отштетна клаузула од неверојатни 400 милиони евра.

Трет на листата е Ерлинг Халанд, норвешката сензација што игра за Борусија Дортмунд. Милионерите го купија од Салцбург на почетокот на годинава за 20 милиони евра, до прекинот на фудбалските натпревари во март проценката беше дека вреди 45 милиони евра, а со брилијантните настапи и голови Халанд сега чини 80 милиони евра, или речиси двојно повеќе за само шест месеци.

Во десетката за која нема зима ни во услови на Ковид-19 се и Лукас Окампос, Диего Карлос, Ренан Лоди, Мејсон Гринвуд, Џуд Белингем, Алесандро Бастони и Бакајо Сака.

1. Алфонсо Дејвис (Баерн Минхен)Моментна вредност 80 милиони евра, скок од 60 милиони евра

2. Ансу Фати (Барселона) – Моментна вредност 80 милиони евра, скок од 40 милиони евра

3. Ерлинг Халанд (Борусија Дортмунд) – Моментна вредност 80 милиони евра, скок од 35 милиони евра

4. Лукас Окампос (Севилја) – Моментна вредност 50 милиони евра, скок од 25 милиони евра

5. Диего Карлос (Севилја) – Моментна вредност 50 милиони евра, скок од 25 милиони евра

6. Ренан Лоди (Атлетико Мадрид) – Моментна вредност 50 милиони евра, скок од 25 милиони евра

7. Мејсон Гринвуд (Манчестер јунајтед) – Моментна вредност 45 милиони евра, скок од 25 милиони евра

8. Џуд Белингем (Борусија Дортмунд) – Моментна вредност 27 милиони евра, скок од 25 милиони евра

9. Алесандро Бастони (Интер) – Моментна вредност 45 милиони евра, скок од 22 милиони евра

10. Бакајо Сако (Арсенал) – Моментна вредност 35 милиони евра, скок од 22 милиони евра

- Оглас -

Најнови вести