Хамилтон може да го стигне Шуми, но на денешната трка главна ѕвезда ќе биде Кими Раиконен

Финскиот пилот Кими Раиконен, кој вози за „Алфа Ромео“, денеска на патеката Нирбургринг ќе постави рекорд во историјата на Формула 1, со 323 старта на гран-при трки, бројка каква што нема ниту еден друг возач. Сега на второто место на вечната листа ќе падне Рубенс Барикело со 322 трки во Ф1.

Иако многумина оваа денешна трка ја најавуваат како шанса за Луис Хамилтон да го изедначи рекордот на Михаел Шумахер од 91 победи, сепак во центарот на вниманието ќе биде и Раиконен. Популарниот Леден човек, во Формула 1 дебитираше на 4 март 2001 година во Мелбурн, како 21-годишен и тоа во тимот на Заубер.

Две години подоцна, Кими како возач на Мекларен, во Малезија ја оствари првата од оние засега 21 победи во кариерата. Со 40 години, Кими е најстариот активен пилот во Формула 1. Денеска трка ќе се вози на Нирбургринг, патека која се врати во Формула 1 календарот после седум години. Во 2013 година, на подиумот беа Себастијан Фетел, Ромен Грожан и – Кими Раиконен.

Денеска сигурно редоследот ќе биде многу поинаков.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести