Ангеловски со двајца нови играчи за дуелот со Грузија?

Стефан Ашковски и Давид Бабунски треба да бидат двајцата играчи кои ќе се најдат во составот на македонската репрезентација за следниот меч против Грузија. Македонија в среда во Скопје го игра мечот кој може да биде и клучен во трката за првото место во групата од Лигата на нации. По досега одиграните три кола, Македонија и Грузија имаат по 5 бода, Ерменија е со 4, а Естонија има еден бод.

Македонија во изминативе неколку дена одигра два тешки меча против Косово и Естонија, па дел од играчите се повредија, а дел се жалат на премореност. Токму поради тоа Ашковски и Бабунски треба да бидат „свежа крв“ за дуелот со Грузија.

Двајцата македонски интернационалци се дел од тимот на Ботошани во Романија. И Ашковски и Бабунски се поранешни младински репрезентативци, а Давид има настапи и за сениорите.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести