Кавани го чека деби од соништата во дресот на Манчестер јунајтед

Манчестер јунајтед нема да може да смета на Единсон Кавани за дуелот против Њукасл, затоа што фудбалерот мора да ги помине 14-те дена изолација која е задолжителна за сите оние кои влегуваат во Велика Британија. Кавани на „Олд Трафорд“ дојде како слободен играч откако неговиот претходен клуб Пари Сен Жермен не му го продолжи договорот.

Од ПСЖ му објаснија на Кавани дека го сметаат за непотребен и затоа мораше да си замине од францускиот првак. Кавани ќе има шанса многу брзо да им докаже дека челниците на Светците биле грешка со таквата изјава, затоа што неговото деби се очекува да биде токму против ПСЖ, во мечот од групната фаза во Лигата на шампиони.

Манчестер јунајтед на 20 октомври ќе гостува на „Паркот на принцовите“ против ПСЖ, во првото коло од елитното натпреварување на УЕФА.

Реномираниот медиум „Атлетик“ ги оцени трансферот на Единсон Кавани во Манчестер јунајтед како најлош во Премиер лигата за ова лето.

 

- Оглас -

Најнови вести