Кавани е најлошиот, а Тијаго најдобриот трансфер во Премиер лигата

Реномираниот медиум „Атлетик“ ги оцени трансферите во Премиер лигата кои се остварија во изминатиот преоден рок. Листата на најлоши ангажмани ја предводи Единсон Кавани, кој во последниот ден од трансфер-пазарот потпиша двегодишен договор со Манчестер јунајтед.

Искусниот уругвајски голгетер пристигна на „Олд Трафорд“ како слободен играч oд ПСЖ, но платата која ја договори на повеќе од 10 милиони фунти по сезона го прави најлош трансфер за изминатово лето. Црвените ѓаволи го држат врвот на листата и со вториот ангажман на Дони Ван де Бек, за кого исплатија 40 милиони евра на Ајакс.

Што се однесува за најдобро завршен бизнис, според „Атлетик“ тоа е трансферот на Тијаго Алкантара во Ливерпул. Англискиот првак потроши 30 милиони евра за одличниот играч за врска кој треба да донесе свежина и креација во средината на тимот на Јирген Клоп.

Топ 10 најлоши трансфери во Премиер лигата во летниот преоден рок:

  1. Единсон Кавани, од ПСЖ во Манчестер јунајтед – слободен играч
  2. Дони Ван де Бек, од Ајакс во Манчестер јунајтед – 40 милион евра
  3. Нејтан Аке, од Борнмут во Манчестер сити – 45,3 милиони евра
  4. Амад Дијало, од Аталанта во Манчестер јунајтед (трансфер договорен за во јануари) – 21 милион евра
  5. Гради Дијангана, од Вест хем во ВБА – 13,5 милиони евра
  6. Весли Фофана, од Сент Етјен во Лестер – 35 милиони евра
  7. Кај Хаверц, од Баер Леверкузен во Челзи – 80 милиони евра
  8. Томас Парти, од Атлетико Мадрид во Арсенал – 50 милиони евра
  9. Калум Робинсон размена со Оливер Бурк, од Шефилд јунајтед во ВБА
  10. Нелсон Семедо, од Барселона во Вулверхемптон – 30 милиони евра
- Оглас -

Најнови вести