Барселона успеа да го покрие хендикепот со неиграњето на Никола Миротиќ, кој е позитивен на ковид-19, и да ја победи Валенсија со 71:66 на гостински терен во меч од третото коло во Евролигата.
Клучната разлика во шпанското дерби Барселона ја направи во третиот период, што го доби со 21:9, и направи предност од 10 поени разлика пред стартот на последната четвртина.
Домаќините се обидоа да направат подвиг, но не успеаја да го задржат максималниот учинок на стартот од новата сезона во Евролигата.
It's not a @valenciabasket game without a BIG @DWXXIII FLUSH ☄️#7DAYSMagicMoment pic.twitter.com/n8gHCs9C1O
— Turkish Airlines EuroLeague (@EuroLeague) October 13, 2020
Бојан Дубљевиќ и Никола Калиниќ беа единствени расположени кошаркари вечерва кај Валенсија, а и двајцата постигнаа по 13 поени.
Смитс и Калатес беа лидери кај победничкиот состав со 15, односно 14 поени. По три кола, двете екипи имаат по две победи и еден пораз.