Сега само Пеле е пред Нејмар: Во меч со многу голови Бразил го победи Перу (Видео)

Нејмар капитенски го предводеше Бразил до победа со 4:2 на гостувањето кај Перу, во меч од второто коло од квалификациите за пласман на Светско првенство. Ѕвездата на Пари Сен Жермен постигнаа хет-трик и сега стигна до 64 голови во 103 меча во репрезентативниот дрес на Бразил, поминувајќи го легендарниот Роналдо на листата на стрелци.

Роналдо даде 62 гола во 98 настапи за Кариоките, со кои се радуваше на две Светски првенства, два трофеи на Купот на Америка и два Купа на конфедерации. Нејмар ги нема овие успеси како Роналдо, но сепак е подобар по бројот на дадени голови. Пред Нејмар, на листата на стрелци во националниот дрес сега е само единствениот Пеле, кој има 77 погодоци за Бразил.

На гостувањето кај Перу, Нејмар даде два гола од пенал, а потоа погоди и во 94-тата минута за потврда на триумфот.

Во останатите мечеви кои се играа во второто коло од јужноамериканските квалификации за пласман на СП: Венецуела – Парагвај 0:1, Чиле – Колумбија 2:2, Еквадор – Уругвај 4:2, Боливија – Аргентина 1:2. Аргентинците за првпат по 15 години победија на гости кај Боливија. 

https://youtu.be/igrISO1u0vc

 

- Оглас -

Најнови вести