Роберт Левандовски е незапирлив, супериорен, фантастичен во 2020, година која е најчудна во последните 100 години поради пандемијата со корона-вирус.
Напаѓачот на полската репрезентација повторно блескаше и вчера против Босна и Херцеговина со два гола и една асистенција во победата од 3:0 во Вроцлав и продолжи да ниже погодоци како на филмска лента.
https://www.youtube.com/watch?v=8Mmx8dfalMc
Во 2020 година популарниот Лева успешно го чува нивото со повеќе голови од натпревари на кои настапил за Баерн Минхен и за полската репрезентација.
https://www.youtube.com/watch?v=Qk5ZWKfxAL8
Играше на 29 меча, а досега има постигнато 32 гола, или во просек над еден погодок на натпревар, што е фантастичен учинок.
До крајот на годината, што ќе ја памети и по големите клупски успеси со Баерн и освојувањето на првата шампионска круна во Лигата на шампионите, има најмалку уште 20 натпревари во дресот на Баварците на три фронта, во Бундеслигата, Купот на Германија и во ЛШ, и уште два во Лигата на нации во дресот на полската репрезентација.