Дани Парехо ја донесе победата за Вилјареал од 2-1 против Валенсија во мечот од шестото коло во Ла Лига. Некогашниот капитен на Лилјаците кој цели девет години ја докажуваше верноста кон клубот од „Месталја“, изминатово лето беше избркан како резултат на проблеми со финансиите во Валенсија.
Парехо се одмазди така што покрив си најде во Вилјареал, а денес го реши својот поранешен тим со одличен погодок во 69-тата минута. Вилјареал така дојде до врвот на табелата во Ла Лига со 11 бода, а Валенсија го претрпе третиот пораз во шест меча досега.