Каква статива на „Франс фудбал“ – Го номинираа Ето како десно крило за дрим-тимот на сите времиња

„Франс фудбал“ ги објави номинациите за избор на фудбалскиот дрим-тим на сите времиња, а со еден потег си направи проблем и е предмет на потсмев на социјалните мрежи.

Новинарите на „Франс фудбал“ го вметнаа Самуел Ето во категоријата десни крила, иако тој играше како шпиц и направи брилијантна кариера како напаѓач, играјќи за познати клубови, меѓу кои се и гигантите Реал Мадрид, Барселона и Интер.

Најдобриот камерунски фудбалер на сите времиња веднаш реагираше со објава на „Твитер“.

„Ви благодарам, но номинацијата е знак за отсуство на респект кон мене. Играв една-две сезони на почетокот на кариерата како десно крило и потоа 25 години исклучиво како шпиц. Сеедно ми е ‘Франс фудбал’“, објави Ето.

Камерунецот има освоено безброј трофеи во кариерата, која беше блескава, има и еден куп индивидуални признанија што ги заслужи исклучиво како централен напаѓач, а не како десно крило.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести