Што се случува со Доријан Бабунски? Некогаш најдобриот стрелец на јуниорите на Реал Мадрид нема минутажа во Јапонија

Јапонскиот второлигаш Мачида попладнево ремизираше без голови со лидерот Ависпа Фукуока, а повторно во тимот не беше нашиот интернационалец Доријан Бабунски.

Некогашниот голем талент на макфудбалот, што ја има минато комплетно младинската Академија на Реал Мадрид, на последните десет меча за Мачида одигра вкупно само 76 минути, а одамна не бил стартер кај јапонскиот второлигаш.

Бабунски е трета сезона член на Мачида и во актуелниот циклус на натпревари се мачи да се наметне во изборот за стартер кај 14-топласираната екипа во Втората јапонска лига.

Бабунски веќе има 24 години, а пред една деценија во четиригодишен циклус беше член на Академијата на најтрофејниот европски клуб и шпански гигант, Реал Мадрид.

Дури една сезона како јуниор беше прв стрелец на Кралскиот клуб и од него се очекуваше многу. Има девет настапи за младинската репрезентација на Македонија и беше и капитен на селекцијата за играчи до 21 година.

Интересно е што неговиот постар брат, Давид Бабунски, ја мина комплетно познатата фудбалска школа на Барселона „Ла Масија“, а моментно е член на романски Ботошани.

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести