Потоп каков што не му се случил на Реал цели 15 години во ЛШ, Модриќ во меѓувреме влева надеж (видео)

Цели 15 години изминаа откако Реал Мадрид последен пат прими три погодоци за едно полувреме на меч од Лигата на шампионите кој го игра на домашен терен. Со вакво остварување може да се пофалат Лион и Баерн Минхен, а од вечерва и Шахтар Донецк.

Украинскиот состав само за 13 минути успеа трипати да ја затресе мрежата на Куртоа, со головите на Тете, Саломон и авотоголот на Варан.

На Лавовите им успеа во септември 2005 година, исто во групната фаза, додека пак моменталниот европски првак го стори тоа на почетокот од новиот милениум, поточно во февруари 2000 година.

Во меѓувреме, Модриќ ги врати Кралевите во игра набрзо по стартот на вториот дел, со прекрасен погодок од далечина за намалување на 1-3.

https://twitter.com/gol_var/status/1318977175274590211

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести