Пандев за осми март па кој знае кој – Македонската легенда последен го урна страшниот Милан (Видео)

Горан Пандев последен го урна страшниот Милан и од поразот против Џенова на 8. март годинава, Росонерите газат се пред себе со серија од 25 меча без неуспех.

Во сите конкуренции, сметајќи ги и пријателскиот мечеви „црвено-црните“ од Милано нанижаа опасна серија без пораз во последните 8 месеци.

И вечерва славеа на Селтик Парк во дуел на два гиганти на европскиот фудбал и со победа од 3:1 против Селтик стартуваа со три бода во новиот циклус во Европа Лигата.

На 8. март Пандев успеа и да ја погоди мрежата на Асмир Беговиќ, кој бранеше за Милан на тој меч, а по него прецизен беше и Касата, па голот на Ибрахимовиќ за домаќините беше само за чесен пораз од 1:2 на Росонерите.

 

- Оглас -

Најнови вести