Каква серија на Милан – Победа против Селтик за 25 меча без пораз (Видео)

Милан безмилосно гази и го одигра 25. меч во серија без пораз, а Росонерите стартуваа и со победа во Европа Лигата, против Селтик.

Во Глазгов се играше еден од европските шлагери меѓу два европски великани, а италијанскиот тим беше подобар и ги освои бодовите со убедлив триумф.

Раде Круниќ беше прецизен во 14. минута, потоа и Брахим Дијас погоди во 42. минута за одлична најава дека Росонерите ќе слават мини јубилеј од 25 меча без пораз во сите натпреварувања.

Елјонуси намали на 1:2 со погодок во 76. минута и ги врати надежите на Келтите барем за бод, но гостите завршија победнички со погодок во 92. минута на Јенс Хауге.

Вистинско гол-шоу со 8 погодоци приредија Вилјареал и Сиваспор. Жолтата подморница славеше со 5:3. Успешен настап имаа и двете англиски екипи, Тотенхем и Лестер кои победија со по 3:0 против ЛАСК, односно Зорија.

Поранешниот европски првак Црвена Ѕвезда загуби од Хофенхајм со 2:0 на гостински терен, а Аријан Адеми одигра цел меч за Динамо Загреб во ремито без голови на „Максимир“ против Феенорд.

Резултати на дуелите од 21 часот:

Брага – АЕК 3:0, Селтик – Милан 1:3, Динамо Загреб – Феенорд 0:0, Хофенхајм – Црвена Ѕвезда 2:0, Лестер – Зорија 3:0, Тотенхем – ЛАСК 3:0, Либерец – Гент 1:0, Лудогорец – Антверпен 1:2, Макаби Тел Авив – Карабах 1:0, Спарта Прага – Лил 1:4, Вилјареал – Сиваспор 5:3, Волфсбергер – ЦСКА Москва 1:1.

- Оглас -

Најнови вести