О’Нил: Од првата плата потрошив милион долари за еден час

Многу спортисти кога ќе го потпишат првиот професионален договор, едноставно „збеснуваат“ и не знаат како попрво да ги потрошат парите. Шекил О’Нил, кој ќе остане како еден од најдоминантните центри во историјата на НБА-лигата, открива дека кога ги добил првите пари од договорот со Орландо, потрошил премногу пари.

„Го потпишав договорот и веднаш почнав да купувам. Купив неколку луксузни автомобили, накит, купував сè што ќе посакав. Потрошив толку многу, што ми се јавија од банката и ми рекоа дека тоа ќе ме уништи ако продолжам да трошам со тоа темпо. За еден час од првата плата потрошив еден милион долари. Човекот од банка ме предупреди дека треба да внимавам на данокот“, открива О’Нил.

Богатството на легендарниот кошаркар сега се проценува на 400 милиони долари.

- Оглас -

Најнови вести