Му беше досадно на Навас на голот, па си поигра и како бекче во Лигата на шампионите (Фото)

И на меч од рангот на Лигата на шампионите може да биде досадно за голманите, па чуварот на мрежата на Пари Сен Жермен одлучи малку да ја смени позицијата и се најде далеку од својот гол во улога на лев бек.

При резултат од 2:0 за европскиот вицешампион против Башакшехир во Истанбул во финишот на мечот, Костариканецот излезе од шеснаесетникот за да ги покаже и фудбалските вештини, а голот на гостите беше празен.

Башакшехир не успеа да го искористи излетот на Навас на необична позиција за голман и не постигна почесен гол против ПСЖ.

Европскиот вицешампион славеше со 2:0 со двата гола на Мојзе Кен и ја запиша првата победа во второто коло во новиот циклус од Лигата на шампионите.

Турскиот тим веќе има два порази и тенки шанси за пласман понатаму во група со ПСЖ, Манчестер јунајтед и Лајпциг.

 

- Оглас -

Најнови вести