Ова е тенисерот за кого Ѓоковиќ прогнозира дека ќе биде иден рекет број 1

Новак Ѓоковиќ, кој оваа 2020 година ќе ја заврши на прво место на АТП-листата, прогнозира дека Италијанецот Јаник Синер, кој има 19 години, би можело да биде негов наследник на тронот на светскиот тенис.

„Гледам многу квалитет во младите играчи. Јаник Синер поседува игра која е квалитетна и силна. Може да се каже дека тој има потенцијал да стане најдобар на светот. Синер е лидер на онаа генерација млади кои се помлади од генерацијата на Зверев и Циципас. И многу есперти велат ќе стане топ-играч“, изјави Ѓоковиќ во Виена.

Многумина се изненадени од изјавата на Ноле, а за Синер ретко кој и слушнал пред годинашниот „Ролан Гарос“, на кој младиот тенисер дојде до четвртфиналето, во кое загуби од Рафаел Надал.

Синер во моментов е 43-ти на АТП-листата, но како што кажа Ѓоковиќ, многу фактори влијаат дали некој ќе ги исполни очекувањата и колку долго ќе се задржи на врвот.

- Оглас -

Најнови вести