Под специјални услови, Атлетико вечерва ја договори замената за Парти

Атлетико Мадрид наскоро ќе го официјализира ангажманот на Жофри Кондогбија од Валенсија, за кого Јогранџиите ќе исплатат 12 милиони евра. Лилјаците вметнаа клаузула од 10 до 15% профит од идна продажба на францускиот играч за врска, кој во Мадрид доаѓа како замена за Томас Парти.

Иако преодниот рок се затвори на 5 октомври, во Ла Лига постои правило за купување на играч од истата лига како замена за член кој го напушта клубот во последниот ден од трансфер прозорецот.

Кондогбија ќе биде последната жртва на Валенсија во поправање на финансиите во клубот, откако изминатово лето „Месталја“ ја напуштија клучни играчи како Родриго, капитенот Парехо, Феран Торес, Кокелан, Гарај…

- Оглас -

Најнови вести