Чешка ја победи Македонија со 2:1 на претквалификацискиот турнир за настап на ЕП и драстично ни ги намали шансите за пласман во Елитната фаза, по која се оди на континентален шампионат.
Златохлавек и Кусеј и донесоа на Чешка предност од 2:1, а намали Марко Ѓоршиевски со погодок во 66. минута. Имавме чист зицер во последните моменти од мечот за реми, но не ја искористивме шансата.
Во последното коло на турнирот, чиј организатор е Чешка ќе играме со Луксембург, но и победа не ни гарантира пласман понатаму.
Меѓусебе играат Чешка и Хрватска, а и на двете репрезентации им одговара нерешен резултат, за да бидат на првите две позиции.
Пред натпреварите од последното коло во нашата група Чешка е лидер со 6 бодови, Хрватска има 4, Македонија 1 и Луксембург е без бодови.