Гол на Пандееееееев, 1-0 за Македонијааааа! (видео)

Македонската репрезентација поведе со 1-0 на гостувањето во Грузија, откако капитенот Горан Пандев со гол круниса една мајсторска акција во која учествуваа и Елиф Елмас и Илија Несторовски.

Избраниците на Игор Ангелосвки и во вториот дел продолжија со цврстата и коректна одбрана, по што се очекуваше токму една ваква прилика во режија на Елмас. Македонскиот бисер ја покажа својата генијалност, го падна противничкиот капитен на колена, а неговото презизцно проигрување вроди со ефектна акција во тики-така, а Пандев мораше да биде тој што ќе ни донесе клучно водство.

Ако вака заврши, Македонија ќе игра на ЕП 2021 година.

https://streamable.com/0uq0cm

- Оглас -

Најнови вести