Претседателот на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини им честиташе на сите фудбалери за пласманот на Европското првенство, но имаше и апел до сите навивачи да внимаваат и во време на пандемија да ги почитуваат мерките за заштита на здравјето.
„Радосни сме, од срце им честитам на македонските фудбалери за историскиот резултат. Репрезентацијата покажа неверојатна сила и го заслужија епитетот – спортски херои. Фудбалерите, стручниот штаб и сите од ФФМ и медумите, најмногу сакаат да ја споделат радоста со навивачите и нашите сограѓани. Но, во време на пандемија мораме да ги почитуваме мерките за заштита на здравјето и ве замолувам да бидеме одговорни. Ова е момент на голема радост, но убеден сум дека ќе имаме уште многу вакви моменти на кои заеднички ќе прославуваме. Да ги почитуваме мерките на здравствените институции за добро на секој од нас. Имаме два натпревари за неколку дена и важно е да ги поштедиме и нашите херои. Се гледаме на Европско. Напред Македонија“, беше пораката на првиот човек на ФФМ, Сејдини.