Фенати се врати, вети дека нема да им стиска кочници на ривалите (Видео)

Италијанскиот мотициклист Романо Фенати ја издржа казната поради невидената глупост што ја направи на трката во Мото два серијата во Сан Марино и повторно ќе може да вози.

Сега ќе биде префрлен во Мото 3 шампионатот, а инцидентот што го направи е вистински раритет. При брзина од над 150 километри на час му се доближи на својот ривал Стефано Манци и му ја притисна кочницата. За среќа, не се случи трагедија, Манци успеа некако да ја задржи контролата на моторот, а Фенати веднаш беше суспендиран.

Неговиот тим Маринели му го поништи договорот, Меѓународната мото федерација (ФИМ) времено му ја одзеде лиценцата за натпреварување, но по извинувањето од Фенати, тој повторно ќе добие можност да учествува на трките.

Сега повторно ќе го претставува Маринели, а вети дека веќе нама да им стиска на кочница на ривалите во Мото 3 шампионатот.

- Оглас -

Најнови вести